„Билд“: ЕУ ги сака Албанија и Македонија – човек да не поверува

Од:

Препораките на Европската комисија за отпочнување преговори со Македонија и Албанија е „застрашувачки наивна“, пишува германскиот весник „Билд“.

Коментаторот на весникот нагласува дека идејата за ширење на ЕУ е прекумерна и произволно креирана.

– Комисијата на ЕУ сака да прими две нови балкански држави, Албанија и Македонија. Едноставно човек да не поверува. Со отсуство на свеста за сопствените грешки и без врска со реалноста, тоа е застрашувачки наивно, нагласува весникот во својот коментар.

Смета дека ЕУ ниту денес не функционира како што треба и наведува дека 28-те земји-членки се премногу различни, додека нивниот заеднички именител е често пати премал за големите проблеми.

– Романија и Бугарија се две земји, кои се примени, а не беа подготвени за тоа. Но по долгите преговори никој не смееше да ја повлече кочницата за опасност. Бриселските технократи на проширувањето во тоа може ја гледаат смислата на своето постоење. Но пристапите не смеат да си бидат цел сами за себе. Штетата ја трпи ЕУ: се повеќе луѓе не веруваат во таа прекрасна идеја. Бидејќи таа станува произволна, прекумерна и одвнатре неспособна да ги решава проблемите на граѓаните, нагласува коментаторот на „Билд“.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини