Билали: ДУИ е главен албански поддржувач и промотор на улогата на жената во политиката

Од:

„Демократската Унија за Интеграција е главен албански поддржувач и промотор на улогата на жената во политиката.

Изборот на првата албанска жена- градоначалник на една рурална општина Г-ѓа Сание садику, го носи печатот на ДУИ.

Исто така, изборот на првиот потпретседател на Владата на Севверна Македонија, Г-ѓа Теута Арифи, го носи авторството на ДУИ.

Слично, и изборот на првата жена потпретседател на Собранието на нашата земја, Г-ѓа Сузана Салиу, го носи потписот на ДУИ.

Конечно, и првиот градоначалник жена во најголемата албанска урбана општина, Г-ѓа Теута Арифи е дело на ДУИ“, рече Арта Билали од ДУИ.

„Пред само два месеци, четвртиот Изборен Конгрес ја истакна важноста за еднакви можности и се ангажираше за зголемена,, правична и соодветна застапеност врз основа на родот и возраста како клучно начело за постигнување на оддржлив развој и вистинска социјална правда за сите. Исто така, Конгресот се ангажираше и за надминување на родовата превентивна асиметрија, која освен дискриминација во пристапот кон можностите, резултира и со физичко, вербално или психолошко насилство, но и со злоупотреба.

Родовата неправда во однос на приходите како и рамнопраноста помеѓу работата и животот се решаваат со политики кои овозможуваат баланс меѓу работата и семејниот живот за да се надминат родовите неправди.

Токму на овој Конгрес, со последните статутарни имени, квотите за родово претставување во претставничките листи и партиските органи се зголеми на минимум 40% и ова се докажа со реформите во сите пртиски органи, вклучувајќи ги и Конгресот и Општиот Совет на партијата. Друга квалитативна промена е и новата функција, која е прва во сите партии во земјава, функцијата на Партиски секретар за еднакви можности позиција која во соработка со актуелниот Форум на жената и со претседателката на Форумот, која е тука со нас, ќе се потруди да ги оживее и да ги гарантира овие модерни определби на еднаквото општество.

ДУИ ги отвора вратите за сите претставнички на женскиот пол во Република Северна македонија создавајќи еднакви права за сите.

Со вашата континуирана доверба и поддршка, ДУИ успеа да спроведе темелни реформи во партијата и со тоа да ја реализира својата програмска определба во целост.

Тоа што го ветуваме, тоа го спроведуваме! Затоа, ви благодариме за дадената доверба и поддршка.

Ова ни дава право денес, повторно да ја побараме вашата доверба, за заедно да се посветиме на политиките за подобрување на квалитетот на животот, за побрз развој и создавање на нови работни места, подрчка за преку Ветингот да создаваме објективно судство и заедно да ставаме крај на селективната правда, заедно да се ангажираме за нашата иднина, за нашата младина која е наш главен приоритет и на крај, заедно да го доближиме работниот и животниот стандард со тие од Европската Унија.

Навистина направивме многу работа заедно, но пред нас остануваат уште многу работи да ги направиме заедно.

Придружете ни се Зедно, Заедно ќе реализираме се!“, изјави Арта Билали од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Бугарите дел од уставот, Османи преседател, Села прв човек на Собранието – ДУИ симулираше конститутивна седница

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

ДУИ: Загрижени сме од апстиненцијата на ВМРО за членство на Косово во Советот на Европа

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

Адеми: Европскиот фронт очекува над 20 пратеници

ДУИ: За победникот одлучуваат граѓаните, а не ВМРО-ДПМНЕ