„Бихаќка“ со ново име, „Павел Шатев“

Од:

Улицата „Бихаќка“, каде што е и седиштето на СДСМ, ќе биде преименувана во „Павел Шатев“. На истата улица е и канцеларијата на поранешниот претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски, но и станот на премиерот Никола Груевски.

Градските советници во четврток ќе прекстат повеќе улици: „Маршал Тито“ во „Македонија“, „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во „Свети Кирил и Методиј“.

„Првомајска“ се предлага да го носи името „Борис Трајковски“, „Војводина“ да се преименува во „Киро Глигоров“, улицата „Република“ во „Мајка Тереза“.

„Исмаил Кадаре“ е новиот предлог за „Рифат “, а улицата „Максим Горки“, ќе се вика „Никола Кљусев“

Олеснување за граѓаните, преименувањето на улиците нема да значи дека граѓаните ќе треба да ги заменат своите лични карти кои се уште важат.

Улици
Р.бр. досегашно име тех.бр. ново име тех.бр.
1 Маршал Тито  0100 Македонија 010
2 Мито Хаџивасилев Јасмин 0001 Св. Кирил и Методиј 0001
3 Водњанска 0249 Мајка Тереза  0249
4 Стив Наумов и
Војвода Васил Аџиларски
1439 0490 Филип ИИ  0490
5 Салвадор Аљенде 0431 Тодор Александров  0431
6 Бихачка  0254 Павел Шатев  0254
7 Адолф Циборовски  1249 Војвода Васил Чакаларов  1249
8 Мексичка  0924 Петре Пирузе  0924
9 Првомајска  0470 Борис Трајковски  0470
10 Железничка  0256 Јордан Мијалков  0256
11 Максим Горки  0331 Никола Кљусев  0331
12 Војводина  1491 Киро Глигоров  1491
13 Социјалистичка зора  1258 Христо Батанџиев  1258
14 Ленинова  0217 Аминта ИИИ  0217
15 Жарко Зрењанин  1412 Антон Димитров  1412
16 Ратко Митровиќ  1362 Иван Хаџиниколов  1362
17 Каирска  0290 Генерал Михајло Апостолски  0290
18 Драчевска  1431 Јустинијан И  1431
19 Шуто Оризари  1210 Индира Ганди  1210
20 Вергино  0148 Фан Ноли  0148
21 Дрварска  0121 Азем Хајдари  0121
22 Подграѓе  0107 Салих Асим  0107
23 Роман Каскалиевиќ  0860 13 Август-Охридски договор  0860
24 Рифат Бурџевиќ  0129 Исмаил Кадаре  0129
25 Севастополска  0131 Кумбара  0131
26 Васил Чакаларов  0768 Роналд Реган  0768

27

Павел Шатев

 0286

Владимир Полежановски

 0286

28

Мајка Тереза

 0289

Адолф Циборовски

 0289

29

Христо Батанџиев

 1113

Галичник- нов дел

 1113

Мостови

Р.бр.

досегашно име

ново име

1

Република

Мајка Тереза

2

Близнак

Тодор Александров

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

(ВИДЕО) Јакимовски за „Алумина“: Ќе доминира зеленило, се работи за објекти како во Дубаи и Чикаго

Александар Тодески

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

(ВИДЕО) Во Шпанија падна град со големина на тениско топче, загина едногодишно девојче

(ВИДЕО) Бело како во зима: Силно невреме ја погоди Србија, драматични сцени снимени низ целата земја

А1он

Град Скопје ги враќа имињата на улиците „Ленинова“, „Железничка“, „Мексичка“…

Жарко Настоски