Бигорски доби на дар уметнички слики од ќелијното училиште и владиката Козма Пречистански

Од:

Бигорската свештена обител на дар доби две уметнички слики, приказ на бигорското ќелијно училиште од почетокот на XIX век и портрет на многу значјниот дебарски владика Козма Пречистански (1836 – 1916), роден во с. Орланци, Кичевско.

Уметничките слики се дар од семејството Јотови од градот Плевен, Република Бугарија, а за Бигорскиот манастир се од посебно значење.

-Знаејќи ја желбата на нашиот старец, Архимандрит Партениј, да има претстава во Манастирот за ќелијното училиште, Иван Јотов го ангажира познатиот уметник и портретист, Васил Горанов, да изработи еден таков стилизиран приказ. Бигорското ќелијно училиште било првото училиште во западните краишта на Македонија и неговото најрано споменување во историските извори е од времето на знаменитиот игумен Арсениј, во почетокот на XIX век,- велат од Бигорскиот манастир.

Според нив, се претпоставува дека тоа функционирало и претходно, но Архимандрит Арсениј се погрижил да го збогати со потребна литература.

-Токму затоа, на сликата е претставен тој, како им чита од книга на мали дечиња, облечени во традиционални мијачки детски носии. Како мотив за училница е исползувана гостоприемната одаја. Портретот, пак, на Козма Пречистански е насликан според една стара фотографија од него, од времето кога тој бил игумен на Манастирот Пречиста Кичевска, посочуваат од Бигорскиот манастир.

Семејството Јотови и авторот на сликите Васил Горанов беа пречекани од отец Партениј и братството, кои им се заблагодаријата за дарот и искажаната љубов.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов