А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Безживотно тело на затвореник пронајдено во струшкиот затвор

by А1он26/11/2014 - 13:0726/11/2014 - 13:27202
Share0

Затвореник бил пронајден мртов во казнено-поправната установа во Струга каде што ја издржувал својата казна, потврди Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Следете a1on на Instagram Instagram

Телото на 36-годишниот битолчанец  доцна синоќа го забележал еден од затворениците во оваа установа, по што веднаш ја алармирал чуварската служба. Лекарската екипа која дошла само ја констатирала смртта.

Според првичните информации, нема траги на насилство врз починатиот затвореник, но точните причини за неговата смрт ќе бидат соопштени по обдукцијата врз телото што треба да биде изведена во текот на денешниот ден.

Казнено-поправниот дом Струга е установа од отворен вид во која казната затвор ја издржуваат машки лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за небрежност на казна затвор од три до 5 години или ако по пресметаниот притвор им преостанува од три до пет години од изречената казна.

Следете a1on на Youtube YouTube

Освен лица кои се осудени за кривични дела од небрежност, казната затвор ја издржуваат и машки лица кои  се осудени на  казна затвор до 3 години односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, како и машки лица повторници осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, што значи дека функционира и како установа од полуотворен вид. 

crna hronikazatvori

Би можело да ве интересира

Пренатрупаност, недостиг на кадар и несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 12:31

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он22/03/2026 - 14:16

Совет на Европа: Македонските затвори се „умерено пренатрупани“

Горан Наумовски18/07/2025 - 16:00

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Предраг Петровиќ01/07/2025 - 16:56

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Горан Наумовски16/04/2025 - 07:37

Катастрофални услови, пренатрупаност и и лоша здравствена заштита во македонските затвори

Катерина Ѓуровски10/04/2025 - 12:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто