Безбедноста и евроинтеграциите 100 години од Првата светска војна

Од:

Меѓународна научна конференција на тема „Македонија и Балканот 100 години од Првата светска војна – безбедност и евроатлански интеграции“ ќе се одржи во следните два дена во Охрид во организација на Факултетот за безбедност -Скопје.

Над 100 професори и научни  работници од земјата и странство ќе презентираат свои трудови и воедно ќе дебатираат на теми поврзани со Македонија и Балканот во контекст на безбедноста и евроинтеграциските процеси.

Панел сесиите на конференцијата се посветени на: Балканот и Македонија во геостратешките концепти на европските држави и интереси, Балканот, националните држави и европската интеграција, Полицијата и меѓуполициската соработка на Балканот, Стопанската и трговската размена на Балканот, Демократија, правна држава, човекови права, нивно унапредување и облици на заштита, Кривична правда, криминална политика и виктимизација и Геополитиката  во  21-от  век  и  појавата  на  нови  социо-криминолошки типови на криминал.

На конференцијата ќе учествуваат претставници од Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Македонија и други земји.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија