Поголем дел од Скопје утре 20 часа без вода

Од:

Без вода утре од 01:00 до 22:00 часот ќе бидат корисниците од Бардовци, Визбегово и индустриската зона покрај Качанички пат, Шуто Оризари, Бутел 1, Бутел 2, населба и село Радишани, Кучевичка бара, Чаир, Скопје-Север, Касарна Илинден, Топанско поле, високата зона на Кале, високата зона на Гази Баба, населба Железара, индустриските корисници во кругот на Рудници и железарница и високата зона во Автокоманда.

Како што информира ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот е поради изведување приклучок за нова пумпна станица во Шуто Оризари.

Во овие зони ќе бидат мобилни и четири цистерни за вода. Две фиксни локации се Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир и во кругот на Поликлиника Железара – Центар за дијализа. Останатите две цистерни ќе гравитираат зависно од потребите на граѓаните.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците од овие населби да обезбедат потребни резерви на вода.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он