Без вода утре корисници од „Аминта Трети“ и Градскиот парк

Од:

Поради зафати во водоводната мрежа, утре од 9 часот без вода ќе бидат дел од корисниците на ул. „Аминта Трети“ и околу Градскиот парк во општина Центар соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради поврзување на мрежа од Ф-150мм на ул. „Аминта Трети“ во Градски парк, а вода ќе немаат корисниците од Градско Сообрание, Стадион, Лунапарк, ресторан „Уранија“ и ул. „Аминта Трети“.

Според најавата на РЦУК, корисниците ќе немаат вода од 9 часот до санирање на дефектот.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он