Без водоснабдување утре од 00:01 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од високата зона на булевар „Јане Сандански“ од број 61 до број 109, во општина Аеродром.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради замена на затворач на водоводна мрежа со пречник 80 мм на булевар „Јане Сандански“ број 65 во населба Аеродром.