Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од улиците Копенхагенска, Софиска, Бриселска, Његошева, „Петар Драганов“, Стокхолмска и така наречените Руски згради бр. 7, 8, 9 и 10.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот со водоснабдување е поради отстранување на уличен дефект на водоводна цевка ф-100 мм на улицата Копенхагенска бр. 6-а, а ќе трае до санирање на дефектот.