Без вода утре ќе бидат корисниците на булевар „Партизанска“ кр. 1, 3, 5, 7, 10 и 11 и дел од улица „Петар Драганов“, а со намален притисок од 8:00 до 17:00 часот ќе биде и фабриката „Реплек“.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа Ф-150 на булевар „Партизанска“ бб.