ЈП Водовод и канализација известува дека утре, 30 јуни, од 9 до 13 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето во скопското село Бојане поради чистење и дезинфекција на резервоар.
Прекин на водоснабдувањето, како што информира ЈП Водовод и канализација, задутре, 1 јули, од 9 до 14 часот ќе има во дел од населба Припор која се напојува преку резервоарот за прва зона, поради замена на затворач.