Поради дефект на водоводна мрежа, денеска од 14 часот па до завршување на работата ќе останат корисниците од населбата Пинтија, во општина Кисела Вода соопшти РЦУК на Град Скопје.
Отстранувањето на дефектот, како што информираат од РЦУК Скопје, првично требаше да се изврши во понеделник, но е презакажано за денеска и е во тек.
– Се работи на премостување на водоводна мрежа од Ф 300 мм на Ф 150 мм на улицата „Борис Трајковски“ кај фабриката ОХИС, во општина Кисела Вода.