Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од улиците „Брсјачка Буна“, „Овчеполска“ и „Тиквешка“ во скопската населба Шуто Оризари.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради уличниот дефект Ф80 на улицата „Брсјачка Буна“ на раскрсницата со „Овчеполска“.
Корисниците ќе останат без вода од 08:30 часот, па се до санирање на дефект.