Бесплатно изучување на хрватскиот јазик во Куманово

Од:

Хрватската заедница во Македонија, огранок Куманово, и годинава по осми пат организира бесплатни часови за изучување на хрватскиот јазик.

Оваа година, освен членовие на хрватската заедница, на наставата можат да се пријават сите заинтересирани за изучување на хрватскиот јазик. Наставата, како и претходните години ќе се реализира во основното училиште „Браќа Миладиновци“, а ќе започне на 16 септември, информираа денеска од огранокот.

-Изучувањето на хрватскиот јазик го финансира Министерството за образование од Хрватска. Oсновна цел е членовите на заедницата да го изучат својот мајчин јазик, но и воопшто оние кои се заинтересирани да го научат хрватскиот јазик, информира претседателот на огранокот на хрватската заедница, Иван Шеркиниќ и додаде дека наставата ќе ја изведува професор по хрватски јазик.

На факултативното изучување на јазикот можат да се пријават лица на возраст од 7 до 18 години. Часовите се оддржуваат секоја втора недела, обично во саботите. За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат до огранокот или да се информираат на веб страната на Заедницата на Хрвати во Македонија.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски