Бесплатните маски што лани ги вети Филипче матичните лекари ги делат годинава

Од:

Хронично болните можат да ги бараат од матичните лекари бесплатните маски што лани им ги вети министерот за здравство, Венко Филипче. Околу 40 илјади маски се поделени на здравствените домови и болниците од каде, пак, треба да бидат поделени на хронично болните.

„Бесплатните маски ќе ги делат матичните лекари и специјалистите. Ги поделивме на здравствените домови и болниците во текот на септември годинава. Тоа е истата набавка која ја почнавме лани ама не стигнавме да ја завршиме. Ја направивме така да немаме обврска за повлекување, а сега само ги повлековме маските од добавувачот“, вели министерот Филипче за „А1он“.

Од бесплатните маски 5000 се доставени во Институтот за белодробни заболувања нај деца – Козле, 3900 во Клиничката болница во Тетово, по 3000 во болниците во Куманово и Битола, 3500 бесплатни маски добила Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, а маски се доставени и до сите здравствени домови. Исклучок е здравствениот дом Крушево, каде што Министерството за здравство не доставило маски.

Бесплатните маски министерот за здравство ги најави лани на почетокот на декември како мерка за заштита од загадениот воздух, кога загадувањето во Скопје беше 11 пати над дозволеното. И покрај бројните забелешки од јавноста, не успеа да ги подели во период кога загадувањето беше многу високо.

Според објавените податоци на Бирото за јавни набавки, маските Министерството за здравство ги набавило од Друштвото за промет и услуги „ФАРМАС МН ДООЕЛ“- Скопје за 722.160 денари. Склучениот договор е објавен на Бирото за јавни набавки на почетокот на јули.

Би можело да ве интересира

МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар – Мнистерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он