Бесими: Силата на различностите е во убавината на јазиците

Од:

Да се почитуваат сите разлики, па така и јазичните е пораката од денешниот настан „Креирање ѕид на јазиците“ организиран од Секретаријат за европски прашања по повод Европскиот ден на јазиците.

Силата на различностите е во убавината на јазиците е пораката што ја запиша вицепремиерот Фатмир Бесими. Според него, јазикот е одраз на различностите и вредности и предности кои ќе ги внесеме во ЕУ.

– Mислам дека сме на добар пат и во Европа ќе добиеме не само повисоки стандарди туку има и многу работи кои можеме да ги внесеме во Европа како вредност, само треба да имаме самодоверба, да се почитуваме меѓу себе и таквата вредност да ја внесеме во ЕУ. Тоа што е заедничко за сите јазици, убавината во која тие се создадени како средина, тоа е и мото на ЕУ и нешто што Македонија го има како вредност и можеме да ја пренесеме како позитивна порака во регионот за мир соживот и просперитет, вели Бесими.

На ѕидот со пораки за мир, соживот и просперитет на различните европски јазици оставаа и дипломати, претставници на граѓански здруженија, спортисти, уметници.

Мислата на Нелсон Мендела „Ако му зборувате на човек на јазик кој што ќе го разбере ќе му влезе во глава, а ако му зборувате на неговиот јазик, ќе му влезе во срцето“, е една од пораките која меѓу другите беше запишана денеска на ѕидот на јзиците.

Во време на глобализација и намалување на бројот на јазиците на светско ниво експерите предупредуваат дека јазикот ја изразува историјата, културата, општеството и идентитетот на луѓето, а секое негово губење или бришење е загуба за човештвото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница