Бесими се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Гарет

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска оствари средба со новиот британски амбасадор во Република Македонија, Чарлс Гарет.

Посакувајќи му успешна работа во неговиот мандат, Бесими разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји и за можностите за нејзино продолжување и продлабочување.

Вицепремиерот Бесими, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата ја истакна важноста на поддршката на Обединетото Кралство за Република Македонија во процесот на пристапување кон Европската унија.

Меѓу другото, на средбата станало збор и за пријателската соработка меѓу двете земји и во други области како што се  фондовите на Европската унија, за кои експертската помош на Велика Британија е од голема важност за Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски