Бесими се сретна со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со амбасадорите на земјите членки на Европската унија, како дел од агендата за информирање на евроинтегративниот процес на земјата.

На средбата вицепремиерот Бесими, како што информира неговиот Кабинет, се заблагодарил за поддршката за регионалниот евро-интегративен процес што државите од Западен Балкан и Република Македонија ја добија на Берлинската конференција и истакнал уверување дека и новиот состав на Европската комисија ќе биде активен поддржувач на проширувањето на ЕУ кон државите од Западен Балкан.

Бесими посочил дека евроатлантските интеграции се клучен приоритет за Македонија  и оти Владата и институциите вложуваат напори за  понатамошно спроведување на реформите, со цел приближување на земјата кон ЕУ и НАТО.

Во тој контекст, тој се осврнал на спроведените реформи и оние што ќе продолжат да се реализираат во следниот период, како   и последните постигнувања во областа на судството, борбата против корупција и организираниот криминал, слободата на изразување, изборната реформа, политичкиот дијалог, реформата на јавната администрација, меѓуетничките односи, добрососедските односи и регионалната соработка.

Бесими посочил дека очекува претстојниот извештај на ЕК за напредокот на земјата да биде објективен и соодветно да ги нотира сите спроведени реформи, но и  да содржи препораки за  областите во кои треба да се спроведат дополнителни реформи, кои ќе бидат основа за дефинирање на идните краткорочни приоритети.

Пред амбасадорите на земјите членки, Бесими истакнал дека прогресот на Македонија во процесот на евроинтеграциите  е од клучно значење за иднината на државата, како и оти Македонија е подготвена да премине во следната фаза, потенцирајќи ја подготвеноста за започнување на преговорите за пристапување.

– Тој исто така информираше за клучните напори за реформите согласно Националната програма за усвојување на правото на ЕУ – НПАА, исполнувањето на приоритетните реформи предвидени со ПДВН и понатамошното остварување на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, потенцирајќи дека реформите во Република Македонија не се спроведуваат само за започнување на преговорите, туку за подобрување на животниот стандард на граѓаните и особено дека истите би добиле значително на интензитет доколку Советот на ЕУ конечно донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, се наведува во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.

Според вицепремиерот Бесими, од големо значење е и поддршката на земјите-членки на ЕУ за надминување на сите предизвици со кои се соочува Македонија во процесот на приклучување кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски