Бесими: Проширувањето на ЕУ не е конјуктурна политика туку концепт

Од:

Проширувањето на ЕУ не е конјуктурна политика на Унијата, туку е концептуално прашање. Уште од основањето на ЕУ проширувањето низ целиот континент даде успешни резултати во однос на воспоставување мир во земјите членки на Унијата. Официјално се уште не е потврдено укинување на Комесаријатот за проширување. Тоа што за нас останува е да работиме на агендата за интеграција.

Ова го истакна вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими запрашан во врска со шпекулациите за укинување на Комесаријатот за проширување при Европската комисија и што ќе значи тоа за Македонија.

Тој потенцира дека проширувањето е и еден од приоритетите на претседавањето на Италија со Советот на ЕУ во втората половина од оваа година, и е во рамки на тригодишниот циклус што првпат започна годинава кај членките на ЕУ.

– Без разлика на одлуката за ресорите во рамки на новата ЕК за која би требало да се одлучи до крајот на август, тоа што е важно e дека проширувањето е концептуален дел на ЕУ и ние треба да работиме на ова, рече Бесими.

Во однос на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), тој подвлече дека уште кога е воспоставен тој не е замислен како супститут на целиот интеграциски процес, туку како механизам во однос на утврдување на приоритети.

– Ние, без оглед на тоа што во текот на оваа година немало состанок на ХЛАД, сепак имаме утврдена листа на селектирани приоритети. Следиме два документа, прв е акцискиот план, кој произлегува од Извештајот за напредокот на Република Македонија кон ЕУ и вториот се однесува на селектирани приоритети кои се најитни во однос на интеграцијата. Во тој процес ние ја следиме и имплементацијата на Спогодбатата за стабилизација и асоцијација. Статусот на реализација на овие документи ги разгледуваме на секоја седница на Влада и го информираме Брисел во однос на прогресот што Македонија го прави. И тоа што ќе произлезе како резултат е Извештајот кој се очекува да се објави во октомври од страна на ЕК за прогресот што го имаме оваа година, рече вицепремиерот Бесими, кој денеска учествуваше на дискусијата по повод Меѓународниот ден на младите, насловена „Активни млади – клучен елемент за општествен развој“, а која е во рамки на иницијативата на СЕП, „Младите за Европа“.

Би можело да ве интересира

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он