Бесими очекува нова препорака за преговори од ЕК

Од:

Проширувањето останува дел од агендата на ЕУ. Наше е да се фокусираме на реформите и максимално да придонесеме за натамошен прогрес на евроинтеграцискиот процес, рече денеска вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими на средба со новинарите.

– Со реформите и реализирањето на предвидените приоритети ние сме посветени на членството во ЕУ кое останува наш врвен приоритет, истакна Бесими.

Според него, извесно е дека за време на мандатот на новата Европска комисија предводена од Жан Клод Јункер нема да има нови членки зашто преговорите обично траат пет до 15 години. Сепак, последните активности во однос на Западен Балкан, како што беше и конференцијата во Берлин, укажува дека регионот е дел од агендата на ЕУ.

– Кој било состав на Европската комисија може да одредува приоритети, но не и да ги менува основните постулати, подвлече Бесими.

Одговорајќи на новинарски прашања, Бесими рече дека спорот за името со Грција, поради кој Атина ја блокира евроинтеграцијата на Македонија, останува да се реши во рамки на ОН.

– Во секој случај се очекува поинтензивен дијалог за надминување на спорот. Важно е во претстојниот извештај на ЕК повторно да има препорака за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, рече Бесими.

Денешниот брифинг е дел од редовните средби на вицепремиерот со новинарите, а се одржува дваесеттина дена пред објавувањето на новиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграција.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот