Бесими избегна прашање дали ДУИ останува во Влада, но побара одговорност од владините функционери

Од:

Исклучително важно во овој момент е политичкиот дијалог да даде резултати што е можно побрзо, изјави вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими кој денеска не сакаше да одговори на прашањата дали се разгледува можноста ДУИ да ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак потпретседателот на Владата беше категоричен кога рече дека треба да се утврди одоговорноста на владините функционери за бројните обвинувања кои им се припишуваат. Бидејќи европинтегрирањето е загрозено, рече тој, само на овој начин Македонија нема да ја испушти можноста да стане дел од европското семејство.

– Во вакви турбулентни времиња во политичките состојби во Македонија, сметаме дека започнатиот политички дијалог е прв чекор кон решение со сите други последователни чекори што следат, од аспект на институционални решенија и од аспект на одговорност на сите носители на јавни функции, носители и креатори на политиките во Република Македонија. Со цел да ставиме јасно до знаење дека Македонија има јасен пат, а тоа е членство во Европска унија – изјави тој.

Бесими денеска се сретна со француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер, на кафе пауза во МК-ЕУ Инфоцентарот. Оер, пак, изјави дека треба да им се даде можност на преговорите кои вчера започнаа во Стразбур и неколку пати посочи дека граѓаните имаат право да бидат информирани за содржината и за текот на овие преговори.

Оер потсети и на изјавата која минатата недела ја додаоа абасадорите на шест земји од ЕУ кои побараа независна истрага за наводите во прислушуваните разговори.

– Отпочнат е цел еден процес во Скопје, а синоќа и во Стразбур, и на тој процес треба да му ги дадеме сите можности. Она што беше кажано минатиот понеделник од страна на шестте амбасадори, а беше кажано на мошне искрен и отворен начин, се уште важи знаете, во целокупниот состав така како што беше кажано. Но од друга страна сметаме дека македонските граѓани заслужуваат да бидат целосно информирани за преговорите и навистина внимаваме граѓаните да бидат информирани во однос на дијалогот што се води. Нашата желба е што поблиску Македонија да се приближи до европското семејство и еден ден да биде целосно дел. Но сите знаеме кои се условите за да се постигне тоа, исто така знаеме дека на патот треба да се напредува. Нема скриени агенди и треба да се кажува јасно состојбата таква каква што е и да им се објаснува на граѓаните, затоа што заслужуваат да бидат постојано информирани. Истрагите се во тек и чекаме да слушнеме што ќе произлезе од нив. Овде сме да потсетиме дека нашата улога е да работиме за приближување на Македонија кон Европа – рече амбасадорката на Франција.

Како што рече Бесими, Македонија нема подоброа опција од Европската унија. Тој додаде дека во овие времиња Македонија треба да остане на својот курс кон ЕУ и да не го менува својот правец.

– Исклучително важно во овој момент е политичкиот дијалог да даде резултати што е можно побрзо, да дојде до решение и на тој начин да дадеме можност Македонија да не ја испушти можност на евроатланската интеграција. Македонија се повеќе станува тема на состаноците и институциите во Европска унија. Затоа е важно Македонија да прати искрени сигнали дека сме заинтересирани за членство во ЕУ и тоа не само од формален аспект, туку и од суштински. Тоа е интерес на граѓаните на Македонија. Итересот на граѓаните треба да биде водечка тема на овие состаноци на политичките лидери. Европска унија во Република Македонија може да и се случи само ако ние останеме цврсто определени за нашето зачленување во ЕУ. Ова што се случува го загрозува тоа интегрирање. Се што се прави во овој период, вклучувајќи го и политичкиот дијалог, треба да биде во функција на тоа Македонија да не излезе од овој пат што гарантира нејзина иднина во ЕУ – додаде вицепремиерот.

Маја Васева 

Би можело да ве интересира

Новинар отпуштен поради „непријатно“ прашање за Газа; „Русија нападна, Израел се бранеше“

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија