Бесими и Арифи на одбележувањето „100 години од независноста на Република Албанија“

Од:

Официјална делегација на Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерот за одбрана Фатмир Бесими, на покана на албанскиот министер за одбрана Арбен Имами ќе престојува во Тирана, Република Албанија.

Посетата е по повод одбележувањето „100 години од независноста на Република Албанија“.

На утрешната централна воена парада во Тирана по тој повод, врз основа на одлука на Владата на Република Македонија заедно со војниците на земјите-членки на НАТО ќе маршираат и тројца офицери на Армијата на Република Македонија од кои еден знаменосец со знаме на Република Македонија.

Оваа активност, како што соопштуваат од Министерството за одбрана е во духот на добрососедските и пријателски односи, како и заемното почитување и разбирање како вредности на НАТО Алијансата.

На покана на албанскиот премиер Сали Бериша,  на прославата ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за европски прашања Теута Арифи.

Во рамки на прославата предвидено е да се положи венец на споменикот „Мајка Албанија“, а комеморативната церемонија ќе се одржи на плоштадот „Мајка Тереза“.

Учеството на прославата вчера го откажа македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Од неговиот кабинет вчера информираа дека посетата на Тирана е откажана поради последните инциденти, без да наведат повеќе детали.

Одлуката на македонскиот претседател да го откаже учеството на прославата следува по минатонеделните инциденти во Тирана кога автомобилот на премиерот Никола Груевски кој престојуваше во посета на Албанија, беше гаѓан со јајца и пластично шише, а државните знамиња на Република Македонија поставени низ улиците албанскиот главен град беа симнати и запалени.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори