Беса: Зошто Груевски не отиде во Моране да ја види мизеријата на 3.000 луѓе?

Од:

Груевски го навреди достоинството на граѓаните на општина Студеничани. После посета што премиерот ја направи во општина Студеничани. Како прво, за нас е несватливо како локалните власти во Студеничани толку евтино ја продаваат Каршиака, реагираат од движењето Беса-Каршиака.

Во Студеничани, каде живеат 8000 жители Албанци премиерот Груевски помина многу евтино, бидејќи локалните авторитети се задоволија само со неколку стотини метри асфалт. А, зошто г. Груевски не отидовте во с. Моране и да видите во каква мизерија живеат 3000 жители? А во дефилето во с. Батинци господине премиере дали видовте дека 7000 жители продолжауваат секој ден да ги поминат руинираните улици, неасфалтирани, дека имаат проблеми со канализацијата и со немањето вода за пиење?!

Дали ја почуствувавте лошата миризба на депонијата Дрисла , која претставува своевиден Југохром за Батинци? Дали, лошата миризба, ви ги надразни ноздрите?

Тука имаме прашања и за локалните авторитети: Дали побараа од премиерот информација до каде е правдата за малолетникот Рамазан Исени од с. Студеничани кој беше на варварски начин претепан во центарот на Скопје од неколкумина хулигани Македонци?!. Од тогаш поминаа две години и никој не дојде воопшто да ги посети, никој не сносеше одговорност за ова злосторство што се направи врз него и неговото семејство, и никој не го обештети. Дали побараа локалните авторитети од премиерот информација за злосторството што се случи пред неколку дена во центарот на Скопје, каде беа масакрирани младите Бурхан Исмаили и неговиот братучед од с. Батинци?!

Овие авторитети, што ги избрал овој народ, дали го однесоа Груевски да ги посети овие млади кои се жители на оваа општина и оваа држава?! Дали го запрашаа Груевски колку вреди животот на албанецот во Македонија?!

Или пак, тие воопшто ништо не го запрашаа, бидејќи така ги научил нивниот лидер, кој му служи на неговиот шеф до смрт, прашуваат од Движењето БЕСА-Каршиака.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски