БЕСА остро ги осудува заканите кон нивниот кандидат Башким Бакиу

Од:

Овие закани нема да не заплашат, ниту одвратат од нашите стремежи, бидејќи ја имаме поддршката на Албанците, реагира движењето БЕСА, кон заканите врз кандидатот од нивните редови во општина Сарај, Башким Бакиу.

– Времето на вакви закани помина, во моментот кога се преполови силата на партиите кои промовираа кампања со закани и инциденти, се вели во реакцијата.

БЕСА смета дека ова е неуспешен обид да се создаде терен за предизборно насилство.

– Албанците се сити од насилство и изборни нерегуларности, затоа со масивно излегување на избори, ќе се спречи секој обид за неправилности, стимулиран од било кој, стои во реакцијата.

Тие кои во недостаток на резултати и аргументи се служат си закани и уцени, се додава во неа, не можат да се надеваат на поддршката на Албанците.

Движењето БЕСА ги повикува органите на редот да реагираат веднаш, а претставниците на меѓународната заедница да бидат претпазливи во функција на нивното недвомислено ангажирање за мирни, коректни и демократски избори.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори