Имајќи го предвид фактот дека СЈО е дел и од нашата политичка платформа редефинирање и важноста на оваа институција за враќање на правдата во земјата, под ниту еден услов не би прифатиле влада со партија која нема да ги прифати овие две точки, велат за А1он од Движењето БЕСА.
Според нив, фактот што специјалното судско одделение не се наоѓа во Декларацијата, не значи дека тие како партија се откажуваат од истото.
– За формирање на такво одделение во Собранието се потребни две третини од вкупниот број пратеници што значи дека со моменталните бројки не е возможно формирање на такво одделение. Тоа ќе се формира кога ќе ги имаме потребните гласови во Собранието, велат од БЕСА.