Берлин нема дилема дека сме подготвени за пристапни преговори со ЕУ, сметаат Османи и Димитров

Од:

Република Северна Македонија останува најуспешната и најпозитивната приказна во регионот и нема некаква суштинска дилема по однос на фактот дека сме спремни за да отвориме ново поглавје кон членството во ЕУ. Тоа што сега разговараме е кое ќе биде влијанието на европските парламентарни избори, на самиот Брегзит на календарот и на динамиката на донесување на некои одлуки.

Ова го изјави вицепремиериот за евроинтеграции Бујар Османи како генерален впечаток од денешната работна посета Сојузна Република Германија каде со шефот на диплоиматијата Никола Димитров имаа средби со пратеници во Бундестагот, со државниот министер за Европа Михаел Рот и со лидерката на Конзервативната партија ЦДУ, Анегрет Крамп – Каренбауер.

– Генерално впечатокот е дека Фактот дека Комисијата ќе го објави извештајот за земјата на 29 мај остава многу ограничен простор за да можат парламентите на Германија и на Холандија да заземаат став по однос на таа препорака, иако повторно ќе кажам нема политичка дилема по однос на фактот дека ние заслужуваме да го отпочнеме тој процес.

Така што денеска брифираме кај членовите на Европската комисија во Бундестагот за неопходноста да се создаде една предвидливост во овој процес, бидејќи сите овие непредвиливи процеси можат да доведат до дополнителна компликација понатаму. Така што, сега прашањето е во кој месец Бундестагот ќе го разгледа прогрес-извештајот од ЕК за да може потоа Владата мериторно да донесе одлука во Советот на ЕУ. Ние сме оптимисти дека оваа година почнуваме преговори, изјави Османи.

И според шефот на дипломатијата Димитров, главниот впечаток од оваа, како што вели, важна и навремена посета на Берлин заедно со вицепремиерот Османи, е дека нема дилема околу нашето портфолио за евроинтергациите, а акцентот во разговорите бил на надворешни фактори што влијаат на процесот на одлучување за пристапни преговори, како што е подоцнежното објавување на извештајот на ЕК оваа година.

– Јасно е дека ЕУ ако сака да поддржи храбро и визионерско лидерство, политика на компромис, решавање на тешки прашања, градење на европска демократија, силни институции и одговорност треба да се поддржи нашиот напор и да се донесе политичка одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Нема сигнал дека има некаква дилема околу нашето портфолио. Зборуваме главно за процесот и за времето кога ова ќе се случи, бидејќи има многу надворешни фактори што влијаат на процесот на одлучување, меѓу другото и подоцнежното објавување на извештајот на ЕК оваа година и краткото време за Бундестагот да организира информирана дебата.

Во секој случај охрабрени сме и денеска – утре ќе се вратиме дома со охрабрување и со поддршка од нашиот меѓу најважните партнери Германија, вели Димитров.

Вицепремиерот Османи и министерот Димитров претходно во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија одржаа брифинг пред Комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг, при што реферираа за текот на спроведување на реформите за европска интеграција на земјава, спроведувањето на донесените европски закони, како и имплементацијата на обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија.

– Република Северна Македонија е подготвена да ги почне преговорите со Европската унија уште денес. Успехот на земјата создаде нова реалност на Балканот, и истовремено е веројатно најуспешната европска приказна во регионот, угледен пример за другите земји од Западен Балкан – јасно прикажувајќи ја трансформативната моќ на европската идеја, истакна во обраќањето вицепремиерот Османи.

Според него, сето ова го постигнавме со храбри лидерски потези, со одлучен фокус и посветена работа, и затоа наша обврска е за овој наш напредок да ги убедиме сите земји членки, особено оние чија поддршка, рече, го насочува текот на политиките на целата Унија.

– Тука сме бидејќи веруваме дека имаме доволно аргументи за да ве увериме дека одлуката за почеток на преговори е заслужена и дека отворањето на патот кон ЕУ ќе претставува силно охрабрување за целта до која сакаме да стигнеме – модерна европска демократија. Воедно тоа ќе претставува и јасна поддршка за еден вид на лидерство што ни треба повеќе во регионот. Лидерство кое се стреми на европски начин да ги решава проблемите и да создава иднина, рече во своето обраќање министерот Димитров.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски