А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Берлин е за брзо почнување на преговорите со Скопје и Тирана

by А1он03/03/2020 - 08:0903/03/2020 - 08:46387
Share0

По позитивните оценки од ЕК за Северна Македонија и за Албанија, Германија се залага за брз почеток на преговорите за членство на двете земји во ЕУ, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Двете земји направија јасен прогрес во клучните реформи области, особено во зајакнувањето на судскиот систем и борбата против организираниот криминал. Ние ги споделуваме позитивните оценки на ЕК. Затоа се залагаме за брз старт на преговорите за членство во ЕУ. Пристапните преговори се најдобрата алатка што може да им се даде на Албанија и на Северна Македонија и најдобрата можна поддршка на за понатамошен напредок, оценува Мас.

Шефот на германската дипломатија предупредува дека неотворањето на преговорите ќе биде штетно за двете земји, но и за ЕУ и Германија.

– Без охрабрувачки знак од ЕУ, ќе го загрозиме големиот напредок постигнат во последните години. Тоа ќе им наштети и на интересите на ЕУ и на Германија. Ни требаат стабилни, ефикасни и демократски држави на Западен Балкан, истакнува Хајко Мас во пишаната изјава објавена на веб страницата на германското МНР по објавените позитивни извештаи на ЕК за Северна Македонија и Албанија и обновената препорака за старт на пристапните преговори.

Следете a1on на Youtube YouTube

Европската комисија во вчера објавените извешати, нагласува дека Скопје и Тирана ги исполниле критериумите за почеток на преговорите и оти очекува Советот на ЕУ во наредните недели да донесе позитивна одлука.

Извештаите објавени го поздравуваат напредокот во двете земји. За Северна Македонија, ЕК смета дека земјата презела значајни чекори за зајакнување на независноста на судството и борбата против корупцијата, и остварила напредок во реформата на разузнавачките служби и јавната администрација.

eu

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он20/09/2026 - 19:2720/09/2026 - 21:38

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски10/09/2026 - 08:2610/09/2026 - 09:04

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Горан Наумовски10/09/2026 - 06:54

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:21

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски05/09/2026 - 09:5705/09/2026 - 18:36

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Горан Наумовски03/09/2026 - 10:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео