Бендевска: За центарот „Иван Михајлов“, топката ја префрливме на Обвинителството, ќе постапува по Кривичниот закон

Од:

Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола не го смени името и не ги отстрани содржините за кои Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека се потешка форма на дискриминација и по истекот на дадениот рок. Весна Бендевска, известител на предметот, вели дека за овој предмет понатаму ќе постапува Обвинителството оти утврдиле дека во прекршувањето што го направил клубот има елементи што упатуваат на Кривичниот законик.

„Комисијата на 21 ноември до Основното јавно обвинителство достави информација и копија од спорни содржини пласирани на фејсбук-страницата што упатуваат не само на вознемирувачки говор во кој се велича ликот, делото и идеологијата на Иван Михајлов туку постојат и сериозни индиции дека се шират содржини што предизвикуваат расна, ксенофобична содржина, кои предизвикуваат нетрпеливост, омраза, дискриминација и ги повредуваат правото и слободата на поголем број луѓе, а тоа веќе упатува на одредби од членот 394 г од Кривичниот закон. Со тоа топката ја префрливме на Основното јавно обвинителство да постапува во согласност со своите надлежности според Кривичниот закон“, рече Бендевска.

Рокот за отстранување на спорните содржини истекол на 20 ноември, а Комисијата веќе утврдила дека не е постапено по дадените препораки. Казната за прекршувањето, која треба да ја изрече прекршочниот суд, изнесува од 3 до 10 илјади евра.

Комисијата чека известување од Министерството за правда, кое има обврска со вонреден надзор да утврди дали се применува Законот за здруженијата, а бугарскиот центар има обврска да докаже дека во Централниот регистар ќе ги смени името и актите, во кои стои дека нивна цел е промоција на ликот, делото и идеологијата на Иван Михајлов.

Во октомври Комисијата препорача здружението да ги отстрани содржините на својата фејсбук-страница, кои предизвикуваат вознемирување во форма на давање и поттикнување инструкции за вознемирување поврзани со ликот и делото на Иван Михајлов, кои се дискриминирачки за поголем дел од населението.

На почетокот на месецот и Уставниот суд извести дека оформил предмет, во кој се оспорени статутот и програмата на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“.

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ