Бендевска: Ова не е борба меѓу две политички партии. Ова е борба за слобода на Македонија!

Од:

Сојузот за иднината продолжува со своите редовни активности со цел враќање на демократијата кај граѓаните.

Денеска на присутните во Битола им се обрати Весна Бендевска.

„Среќна и бериќетна, непокорна слободарска и победничка 2013та посакувам на сите битолчани. Денес сме пак тука и од денес секој ден ќе бидеме тука, за да кажеме доста е и за да кажеме дека 24-ти декември не беше само ден за крај на македонската демократија.

– 24-ти декември беше и почеток на новата македонска борба за слобода и секој ден ќе сме тука заедно Сојузот за иднината, битолчани, сите Македонци, за да кажеме доста е, одете си Македонија заслужува повеќе, Македонија заслужува слобода.

– На сите оние што на 24-ти декември го погазија 8-ми септември 91-ва им порачуваме овде ќе сме, со своите тела, со својот здив и крв ќе ја браниме Македонија колку што треба дури да заминат. Сите заедно кажуваме доста е!

– На 24-ти декември Македонија го доживеа својот крај на демократијата, на 24-ти декември од Собранието не беа избркани пратениците од опозицијата, на 24-ти декември партиската полиција низ партиски пуч ги избрка сите претставници на сите граѓани што не се согласуваат со Никола Груевски и неговата погубна политика.

– И затоа сме овде, ако не нема во Собранието не има низ улиците и ќе бидиме низ улиците и низ парковите, сите заедно чекаме да си оди Никола нашиот Николае, нашиот башар, нека замине Македонија има своја историја, Македонија има свои херои и Мекедонија од секогаш заслужува да се каже доста е кога некој чепка во нејзината слобода.

– Еве не тука сме! Затоа замолувам придружете се ! Денес не е време за лажна неутралност, денес не е време да се седи дома. Ова не е борба меѓу две политички партии. Ова е борба за слобода! За слобода на нашата Македонија!

– Ве чекаме сите заедно и членови на ВМРО и неутралните граѓани, дајте сите заедно да почнеме да ја градиме вистинската историја на Македонија, слобода, демократија, европска Македонија. Да ни живее Македонија“, рече Весна Бендевска.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов