Бендевска: Колку ќе поскапи цената на струјата заради евентуалниот „енергетски договор“ Груевски-Ахмети

Од:

„Додека цело внимание на јавноста е фокусирано кон изборите, во РЕК Битола се интензивира стратешкото пропаѓање на овој стожер на енергетскиот систем на РМ.

– Дали се работи за смислена стратегија на Груевски- да се уништат нашите производствени капацитети за сметка на слободен увоз на струја по цена 2 до 3 пати повисока од домашната?! Дозволете дилемите што ги отворив да ги поткрепам со случувањата во РЕК Битола.

1. На 21. февруари имаше одрон на јагленовиот систем што го онеспособи багерот КАУ 300 на недела дена.

2. На 6. март, се случи дефект на новиот, се уште под гаранција, багер СРС 1050, и оттгаш е вон функција подинскиот-јаловински систем за откоп.

3. Од 10. јануари до денес, во континуитет не работи транспортниот систем за јаглен од Брод- Гнеотино, инвестиција вредна 20 милиони евра Всушност, од моментот кога Груевски го пушти во употреба-јули 2012м системот бил во употреба само месец дена!!! Заради овие дефекти и хаварии, драстично е намален ископот на јаглен и во моментов, залихите на јаглен на депонија се околу 90 000 тони, количество доволно за само 6 дневна работа на блоковите!

4. Токму недостигот на јаглен е главна причина за исклучување од работа на 3-от блок на 28. февруари. РЕК е оставен да работи со 2 блока, сон намален капацитет- да потенцирам, заради НЕДОСТИГ на јаглен.

5. И покрај овие услови – 3 и пол месеци континуирано се врши транспорт на јаглен од Брод-Гнеотино до Кичево-за потребите на ТЕ Осломеј! Секој ден, по 100 камиони од 30 тона или 3.000 тони дневно! Само за транспорт до Кичево до сега се потрошени 5 милиони евра на приватни превозници!!!

– Сакам јавно да го поставам прашањето: Дали станува збор за уште еден политички пазар меѓу Груевски и Ахмети? Дали заради заштита на вработените во Кичево -цехот ќе го плаќаат битолчани-зашто се почести се гласините дека голем број од вработените во РЕК ќе бидат пратени на принуден одмор заради намален обем на работа???

– Овде ноторна логика нема: да транспотираш јаглен на 100 км. За вештачки да го држиш во кондиција Осломеј, а принудно да го онеспособуваш РЕК. Цената на вака произведената струја во Осломеј ќе биде повисока за транспортните трошоци, логично!

– Конечно- клучното прашање: Откако ДПМНЕ е на власт, струјата поскапи за 63%.. КОЛКУ ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ПОСКАПИ ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ЗАРАДИ ЕВЕНТУАЛНИОТ “ЕНЕРГЕТСКИ ДОГОВОР” ГРУЈО – АХМЕТИ“, прашува пратеничката од СДСМ, Весна Бендевска.

Пост скриптум информација: Пред два дена, во понеделникот на 18 март, заради квар на 1-от блок, под итно е рестартиран повторно 3-от блок. Денес, нешто после 8 часот, по само 34 часа работа, регистриран е испад на 3-от блок. Во овој момент во функција е само ПРВИОТ блок. Нестручност, неодговорност или смислено сценарио- ќе треба да го се произнесат надлежните институции.

Очекувам ЕЛЕМ да излезе пред јавноста со информација и објаснување за сите случувања. Некој за ова мора да понесе одговорност, додаде Бендевска на денешната пресконференција.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата