Бектеши: ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, не посредуваме меѓу Слупчане и ЕВН

Од:

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека тој и институцијата, но и Владата, не посредуваат во преговорите межу жителите на Слупчане и ЕВН. Според него, барањето на ВМРО-ДПМНЕ да тој да каже што е договорено и дали ќе се простуваат долгови на жителите е спин, а со ова се креираат и лажни вести.

Вели дека не знаа што се преговара.

Демантирам дека претставници од Министерството за економија, некој од Владата или јас, учествува во преговори кои се водат меѓу ЕВН и претставници на Слупчане. Имајќи во предвид заложбите на Владата како институции кои ја следат енергетиката, ние даваме пораки во насока кон тоа да се намалат загубите кај државата. Но најверојатно, спиновите од опозициските партии, пренесуваат лажни вести кон граѓаните бидејќи прават споредба со села или регони, а кога ќе се отворат теми за кои тие треба да дадат одговор. А уште не се дадени одговорите дали општините кои се раководени од нивни кадри, се завршени извештаите за злоупотребите кои се прават таму во делот на електричната енергија, а се многу поголеми. Загубите на електрична енергија се многу помали од вредноста не белата палата во која ги креираат лажните вести“, рече Крешник Бектеши.

Вели дека се залага за правна држава, а сите граѓани да ги плаќаат обврските кои ги имаат.

Конкретни информации за тоа што е разговарано или договорено меѓу Слупчане или ЕВН – ние немаме. Ако имаат тие потреба да олесниме или помогнеме, ние сме тука, како и за сите граѓани со цел да го олесниме процесот. Би ги замолил и политичките партии и медиумите да не даваме лажни информации дека одредени места крадат или злоупотребуваат електрична енергија. Да ја гледаме големата слика на ниво на државата“, додаде Бектеши.

Слупачне двапати остана без струја оти не даваа екипите на ЕВН да влезат и да ја модернизираат мрежата оти таму има големи загуби според компанијата. Наместо слободен пристап до трафостаницата, вработените во компанијата тврдеа дека се соочуваа со вербални и физички напади.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ