Бектеши: Постигната целта од милион туристи, со членството во НАТО оваа бројка ќе се зголемува

Од:

Република Македонија во 2018 година ја исполни целта од Стратегијата за развој на туризмот достигнувајќи бројка од еден милион туристи, а оваа бројка Владата очекува да се зголемува за што ќе придонесе и денешното потпишување на Протоколот за членство во НАТО.

„Потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО ќе отвори нови врати за РМ, држава која ќе биде побезбедна и постабилна што ќе придонесе и кон зголемување на бројот и на туристи и на ноќевања“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција на која ја претстави програмата за развој на турзмот за 2019 година.

Потенцира дека Република Македонија оди напред, дека денеска се потпиша Протоколот за членство во НАТО, а во јуни се очекува и конкретен датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Покрај зголемување на бројот на странски и домашни туристи, министерот е убеден дека ќе има зголемен број транзитни ноќевања, но и раст на бројот на работници во овој сектор. Во 2018 одина, како што посочи, ова е еден од најрастечките сектори со над 15 проценти и по бројот на домашни и странски туристи и ноќевањата.

„Во 2018 година имаме над еден милион туристи, а туризмот учествува со три проценти во БДП. Не застануваме тука и ќе продолжиме со различни мерки“, рече Бектеши додавајќи дека со ова е постигната целта на Стратегијата за развој на туризмот со која се предвидувало да се достигне оваа бројка во 2020 година.

Министерот појасни дека мерките за развој на туризмот се преземаат од неколку институции, меѓу кои Министерството за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Координативното тело за туризам во Владата на на Република Македонија, додека креатор на политиките во туристичкиот сектор е Министерството за економија.

Тој додаде дека нивните активности за развој на туризмот за 2019 година се систематизирани во Програмата за развој на туризмот за 2019 година за која во Буџетот се обезбедени финансиски средства од 36 милиони денари.

Меѓу мерките ги наведе дека продолжува субвенционирање годишен одмор за лица со ниски примања, изработка на „Бренд Стратегија“ за туризам, студии за вински и спа туризам, анкета за туристичка понуда во РМ.

Најави дека се подготвува нов закон за туризам за што ќе се формира работна група, а ќе се консултираат и сите засегнати страни.

Одговорајќи на новинарско прашање за зимскиот центар Попова Шапка, рече дека се прави анализа за да се утврди на кој начин ќе се развива Попова Шапка.

„Со зимскиот центар управува Елем турс, фирма ќерка на ЕЛЕМ. Нелогично е компанија која треба да произведува струја да се занимава со развој на туристички центар. Опцијата е ски центарот да биде јавно претпријатие, а хотелските објекти да се приватизираат“, рече Бектеши кој додаде дека ставот ќе биде познат и откако во Општина Тетово ќе помине Деталниот урбанистички план.

Во врска со вработувањето на неговата сестра во Мепсо, рече дека тој не влијаел, бидејќи МЕПСО повеќе не е под ингеренции на Владат, туку под Минситерството за транспорт и врски и оти неговата сестра има завршено образование во Италија и дека има работно искуство.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Не коментирам изјави на политички маргиналци, вели премиерот Мицкоски

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата