Бејта поднесе оставка, попладнево тоа ќе го стори и Арифи

Од:

Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта денеска на прес-конфренеција објави дека поднесува оставка на функцијата. Причина за напуштањето на министерската позиција е неговото кандидирање за градоначалник на Гостивар на претстојните локални избори.

– Мнозинството граѓани на Гостивар бараа да бидам кандидат за градоначалник. Волјата на граѓаните на Гостивар ја прифати партијата и ДУИ ме номинираше за кандидат за градоначалник на општина Гостивар. За да не се злоупотреби функцијата министер  за локална самоуправа денеска давам оставка, рече Бејта на прес-конференцијата.

Со ова, како што рече, ги почитува волјата на граѓаните и демократијата.

– Ќе бидам со моите граѓани и ќе работиме за локалните избори што ќе се одржат на 24 март, рече Бејта и додаде оти е благодарен на сите членови на Владата на Македонија за досегашната соработка, на сите институции, општини и граѓаните.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека смета оти ќе победи на претстојните локални избори.

Бејта информира дека за нов министер за локална самоуправа е предложен заменик-министерот за транспорт и врски Тахир Хани.

Невзат Бејта стапи на функцијата министер за локална самоуправа на Република Македонија на 29 јули 2011 година.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите