Бејта не коментира за што разговарал со обвинетиот Азири во „Монструм“

Од:

Високиот функционер на ДУИ и ексградоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, за „Макфакс“ одби да ја коментира неговата поврзаност со случајот „Монструм“, како и деталите од разговорот со обвинетиот Фејзи Азири за кој еден од родителите на убиените момчиња тврди дека го слушнал.

„Јас сум надвор од државата, не можам да коментирам ништо“, рече Бејта по што го прекина повикот без да го чуе прашањето.

Таткото на убениот Александар, Горан Наќевски, тврди дека постојат транскрипти кои сега премиерот Зоран Заев не сака да ги даде поради политички причини. Случајот „Монструм“ е одложен за 15 мај поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири, кој, според одбраната, бил хоспитализиран на пулмологија.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански