Бејта ја побара поддршката на гостиварци за да го направи Гостивар на утрешнината

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од редовите на Демократската унија за интеграција, Невзат Бејта, вечерва на градскиот плоштад на завршниот собир ја побара поддршката од граѓаните за, како што рече, да се направи Гостивар град кој ќе биде налик на европските.

– Гостивар за четри години ќе добие нов мост, нов плоштад, нови улици. Ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето и здрава вода за пиење со замена на водоводните цевки. Имам ветување од владата дека конечно ќе се реши проблемот со депонијата Русино за една година. Ако не ја добиеме владината поддршка ќе иницираме нов закон со кој ингеренциите за регионална депонија ќе бидат на локалната самуправа и тогаш сами ќе изградиме современа депонија, рече Бејта.

Тој се заблагодари на граѓаните со кои изминативе денови се сретнал и му дале нови идеи за кои, како што рече, ќе бидат ставени во програмата за работа и ќе се реализираат во наредниот мандат.

На собирот зборуваше и носителот на листата со кандидати за членови на општинскиот совет Насер Муслиу.

На собирот, се обрати и шефот на изборниот штаб Башким Хасани кој упати зборови на благодарност до граѓаните за поддршката која им ја давале изминатеве денови.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад