Бејта го потврди инцидентот во разгранокот на ДУИ во Струга

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта потврди дека синоќа имало инцидент на состанокот за избор на раководство на разгранокот на ДУИ во Струга, без да навлегува во детали, објави телевизијата „Алсат – М“.

Бејта, кој како координатор на ДУИ за Петта изборна едница го надгледувал изборниот процес во разгранокот и бил принуден да го прекине состанокот кога дошло до судир меѓу двете ривалски крила за избор на претседател на струшкиот разгранок.

– Работата на изборното собрание почна доста добро. Се избираше раководство. Периодот кога се бираше еден од кандидатите за претседател на локалниот совет се случи инцидент. Имаше туркање и го прекинав изборот- рекол Бејта за „Алсат-М“.

Заменик – директорот на УЈП, Аргетим Асани за порталот „Порталб“ ја демантираше информацијата дека побарал лекарска помош во струшката болница, но не негираше дека синоќа имало тепачка меѓу двете крила предводени од Рамиз Мерко и Арбен Лабуништа во која имало гаѓање со мобилни телефони и физичка пресметка со тупаници.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити