Бејли: Со влезот на земјата во НАТО, ќе се исполни визијата на САД за мир и стабилност на регионот

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го прими во проштална средба aмбасадорот на САД во Република Северна Македонија, Џес Бејли на која изразувајќи задоволството од неговиот плоден ангажман му врачи благодарница за посветеноста и напорите вложени во промовирањето на американско-македонското пријателство и блиска соработка.

Како што соопшти МНР, министерот Димитров ја нагласи важната улога, поддршка и верба на САД во постигнувањето долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на нашата држава. Во оваа насока, се додава, шефот на димпломатијата ја истакна благодарноста за континуираната поддршка од САД на евро-атлантскиот пат на Република Северна Македонија.

Амбасадорот Бејли, пак, се посочува, го истакна своето задоволство што по четири години, заминува од земја која направи историски исчекор и која го добива своето заслужено место во НАТО, и цврсто чекори кон ЕУ. Изрази уверување дека со влезот на Северна Македонија во НАТО, ќе се иполни визијата на САД за мирен, стабилен и попросперитетен регион, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија