(ФОТО) Бегалците повикуваа кон демонстрантите: Ослободете не!

Од:

Затворени зад решетки во Прифатниот центар за мигранти во Гази Баба, стотици бегалци извикуваа „Ослободете не!“ кон граѓаните кои преку протест денеска ја изразија својата солидарност со нив.

rramadani-gb1

Маршот на движењето „Протестирам“ тргна од пред Владата, преку Бит пазат до Центарот во Гази Баба каде мигрантите се држат под силно полициско обезбедување. На влезот на објектот активистите на арапски и на македонски јазик ги прочитаат основните човекови права.

rramadani-gb2

– Знаеме дека спиете на под, дека немате топла вода. Ги знаеме неправдите со кои се соочувате. Кој и да излезе од вас има право да ја тужи државата во Стразбург. Ние сме народ и земја која во историјата имала бегалци, како Егејците и Косовците. Ние живееме со тоа чувство, дојдовме да им кажеме на овие луѓе дека им го разбираме јазикот и маката. Не бараме ништо посебно од властите, само да има измени во законите – истакна Воислав Стојановски.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската