А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

БЕГ: Да се овозможат услови во објектите за почеток на грејната сезона

by А1он02/10/2017 - 13:17236
Share0

Снабдување со топлина Балкан енерџи апелира до потрошувачите да ги завршат интервенциите кај внатрешните инсталации, а заедниците на станари да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија за да може насекаде да почне да стартува навремено грејната сезона.

Добивај вести на вибер

Согласно законските прописи грејната сезона може да почне секој ден по 30 септември, доколку временските услови тоа го наложуваат, поради што се извршени редовните проверки на подстаниците и на нивната функционалност со цел да се обезбеди сигурно и квалитетно загревање на домовите на сите потрошувачи.

– За да може грејната сезона насекаде да стартува навремено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите кај внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Снабдување со топлина Балкан Енерџи. Истовремено Заедниците на станари или управителите на зградите треба да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), наведуваат во соопштението од БЕГ.

Посочуваат дека иако компанијата во претходниот период има испратено писма до сите Заедници на станари, односно фирми кои управуваат со станбените единици за нивните обврски во однос на непречениот почеток на грејната сезона. во околу 200 објекти сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици

– Ги повикуваме потрошувачите да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да пријават дали има можност за повторно полнење на системот и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата за да може потрошувачите да добијат испорака на топлинска енергија, истакнуваат од БЕГ.

BEGparno

Би можело да ве интересира

Од денеска до 30 април, парно треба да има ако температурата е 12 степени

Катерина Ѓуровски15/04/2025 - 11:58

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски15/10/2024 - 08:0715/10/2024 - 08:12

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски30/09/2024 - 12:5830/09/2024 - 14:24

Се намалува цената на парното

Горан Наумовски29/07/2024 - 12:34

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

Горан Наумовски15/04/2024 - 12:14

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Катерина Ѓуровски31/10/2023 - 09:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен