Беџети: Пратеничката група на Коалицијата „Европски фронт“ функционира во полн состав

Од:

Пратеничката група на Коалицијата „Европски фронт“ функционира во полн состав, истакна денеска координаторот на пратеничката група Блерим Беџети одговарајќи на новинарско прашање околу наводите во медиуми дека претстедателот и пратеник на ДПА Мендух Тачи се повлекува од коалицијата.

-Пратеничката групата на Коалицијата „Европски фронт“ функционира во полн состав. Активна е во сите сфери внатре во Собранието и надвор во комуникација со граѓаните. Јасно ни е дека од Коалицијата Вреди се во паника од поголемата реакција на Албанците и другите етнички заедници, посебно спрема нив како губитници на изборите. „Европскиот фронт“ е комотен и функционира, но не се комотни граѓаните и тие се нивни желби остануваат со отворени очи. ДУИ има сопствен план, сопствена агенда, победи на секои избори и најверодавни за нас се граѓаните Албанци кои ни даваат поддршка, а не другите коментари, рече Беџети.

Одговарајќи на повиците на премиерот Христијан Мицкоски дека ДУИ треба да се реформира оти тоа е единствениот начин за конструктивна опозиција, Беџети нагласи оти „ако тоа е основ, тогаш во претходниот владин мандат имало лица кои се осудени, а и денеска се носители на јавни функции“.

-Ако е тој основ, колку што знам јас во претходниот мандат стотина нивни функционери кои и денеска се носители на јавни функции се осудени на условно, се во судски постапки а се носители на јавни функции. Ако влеземе во таа дебата, тогаш ќе ја изгубиме и презумпцијата на невиност од нивна страна. И затоа се воздржувам од споменување на имиња. ДУИ ја има таа чест и одговорност со огромното гласање на Европскиот фронт што го доби легитимитетот. А за интерните планови на секоја партија, секој се грижи најдоброто да го создаде, рече Беџети.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ