Беџети: ЕК нотира одреден напредок во областа на слободата на изразување

Од:
„Eвропската комисија нотира дека е постигнат напредок по однос на независноста и непристрасноста на судството и дека обезбедена е законодавна и институционална заштита, а во однос на ефикасноста на судскиот систем, нотира напредок со намалувањето на севкупниот број нерешени предмети во судскиот систем во целина“, рече  министерот за правда Блерим Беџети .

„ ЕК го нотира фактот дека главната причина за намалување на нерешените предмети е високата норма на решени предмети кај основните судови во текот на последните три години, како резултат на поголемата процедурална дисциплина и следење на ниво на поединечни судии. Се истакнува дека во последните две години, 27 првостепени судови и четири апелациски судови заедно имаат решено значително поголем број судски предмети отколку што примиле што се должи на организациските мерки, како што се месечните норми воспоставени од Судскиот совет на Македонија“, рече Беџети.

Во делот на професионалноста на судството, посочи тој, ЕК во Извештајот нотира дека Академијата за судии и обвинители обезбедува почетна обука за идните судии и обвинители и континуирана обука за судиите и вработените во судството, канцелариите за извршување и други институции и тела.

Тој посочи дека во областа на aнтикорупциската политика, Европската комисија нотира дека воспоставена е законска рамка, преку измени во Законот за финансирање на политичките партии и Законот за спречување на судир на интереси, со што се подобрува верификацијата и извршните овластувања на надлежните органи, иако се укажува на преземање поголеми напори во поглед на спроведувањето на постојните закони.

„ По однос на фундаменталните права, ЕК нотира одреден напредок во областа на слободата на изразување, особено во делот на де-криминализација на клеветата. Нотирано е дека правната и институционалната рамка за човекови права е во голема мерка обезбедена, граѓанските и политичките права широко се применуваат и постигнат е напредок. Нотиран е напредок во однос на затворскиот систем. Реконструкцијата на затворите, како и обуката на вработените во затворите продолжува“, рече министерот за правда.

Во делот на изборната реформа, како што нагласи, забележано е подобрување на законската рамка за избори следејќи ги препораките за избори на ОБСЕ/ОДИХР за 2011 година, кои предлози имаат за цел да го зајакнат Изборниот законик особено со зголемување на транспарентноста на кампањата и финансирањето на политичките партии, како и решавање на празнини и недоречености во постојниот закон.

 

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски