Беџети: Ќе се исполнат препораките на ОБСЕ/ОДИХР за Изборниот законик

Од:

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои се однесуваат на Изборниот законик ќе се исполнат, изјави денеска министерот за правда Блерим Беџети одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на затворот „Куманово“.

– Исполнети се дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои се однесуваат на локалните избори и сега продолжуваме со исполнување на препораките во однос на претседателските и парламентарните избори, рече Беџети.

Тој додаде дека за имплементирањето на препораките работат две работни групи, едната во Министерството за правда, а другата во Државната изборна комисија.

– За прочистувањето на избирачкиот список работи Работната група во ДИК. Министерството за правда како ресорно министерство ја следи работата на оваа Работна група во која има претставници и од Управата за водење на матична евиденција која е во состав на Министерството за правда. Се работи интензивно, рече Беџети.

Тој потсети дека на последните избори немаше забелешки од ниту една политичка партија во врска со прочистувањето на избирачкиот список. – Се работи во континуитет, бидејќи станува збор за жива материја, истакна Беџети.

На прашање за екстардицијата на Миле Хаџиски и првообвинетите во случајот „Монструм“, министерот за правда одговори дека за сите екстрадиции се постапува согласно законските надлежности.

– Во постојана комуникација сме со надлежните институции за екстрадицијата на Хаџиски, како и за сите останати случаи за екстрадиција, согласно законите и договорите што ги имаме потпишано со другите држави, додаде Беџети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски