Бдеење и литургија за празникот Успение на пресвета Богородица во манастирот на Матка

Од:

Во пресрет на одбележувањето на православниот празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот во Матка, кај Скопје, во недела на 27 август ќе се одржи вечерна богослужба и полноќно бдеење.

На денот на празникот, во понеделник во утринските часови со почеток во 8:30 часот во манастирот ќе се одржи Света Божествена литургија со која ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.
Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција. Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.

Би можело да ве интересира

Граничниот премин „Богородица“ е затворен за сообраќај

Граничниот премин „Евзони“ – „Богородица“ е затворен за сообраќај

Преминот „Евзони“ – „Богородица“ е затворен за сообраќај

Утрово без проблеми на Евзони – Богородица, сообраќајот е нормализиран

АМСМ: Повторно е блокиран сообраќајот на Евзони-Богородица

Повторно во прекин e сообраќајот на „Евзони“ – „Богородица“

Горан Наумовски