Барање за подготвителна постапка против малолетник за убиството на дете во Прилеп

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 15-годишник од прилепското село Сенокос поради постоење на основано сомнение да извршил дејствие што со закон е предвидено како кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.7 од Кривичниот законик.

Во влезот од зграда лоцирана на ул.„Кузман Јосифоски“ во Прилеп осомничениот со умисла лишил од живот дете родено 2009 година, нанесувајќи му повеќе убодни рани со нож. Нападнатото дете успеало да избега, меѓутоа изгубило свест и подоцна им подлегнало на повредите.

Бидејќи постојат законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор за малолетникот во судир со законот.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он