А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Бан Ки-мун повика на воздржаност по инцидентот во Куманово

by А1он11/05/2015 - 15:5688
Share0

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун, во соопштение за инцидентот во Куманово, изрази загриженост, повик за воздржаност и упати сочуство до семејствата на загинатите и ранетите во акцијата.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Генералниот секретар силно ги поддржува повиците на Европската Унија и други членки на меѓународната заедница кои ги повикуваат властите и сите политички и други водачи да соработуваат за да се врати стабилноста и целосно да се истражат настаните на објективен и транспарентен начин. Во ова чувствително време, Генералниот декретар ги повикува сите да покажат максимална воздржаност и да не прибегнуваат кон реторика или постапки кои би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите, пишува во соопштението од Бан.

Во соопштението исто така се охрабруваат македонските власти да ги исполнат оценките изразени од Високиот комесар за човекови права од март годинава, за целосна посветеност на основните човекови права, владеењето на правото и создавање на атмосфера за слободно изразување.

kumanovoon

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Горан Наумовски27/07/2026 - 15:57

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/07/2026 - 10:07

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Горан Наумовски13/07/2026 - 17:14

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он29/06/2026 - 15:0429/06/2026 - 15:05

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Горан Наумовски20/06/2026 - 11:36

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски16/06/2026 - 15:0016/06/2026 - 15:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео