Бан Ки-Мун на балканска турнеја

Од:

Бан Ки-Мун, генeралниот секретар на Обединетите Нации ја започнува својата неколкудневна балканска турнеја.

Прво оди во Словенија, па негови следни дестинации се Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, како и Косово.

„Секаде го нагласувам значењето на тој регион, не само за Европа, туку и за целиот свет”, изјави претходно Ки-Мун.

Во Македонија, заедно со Бан Ки-мун, ќе биде и медијаторот Метју Нимиц.

Тој, по средбите со македонскиот државен врв оди во Грција на средба со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Потпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Григорис Делавекурас, истакна дека Грција останува на својата позиција дека сака да види во брзо време решение за името.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска