А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

„Балканската мигрантска маршрута“ останува затворена

by А1он08/02/2017 - 19:21168
Share0

Министрите за внатрешни работи и за одбрана на 15 европски земји денеска постигнаа согласност да предложат нови мерки што ќе гарантираат копнената мигрантска маршрута од Грција кон останатиот дел од ЕУ да остане затворена, пренесува БТА.

Следете a1on на Instagram Instagram

Министрите за внатрешни работи и за одбрана на Австрија, Волфганг Соботка и Ханс Петер Доскоцил, кои беа домаќини на форумот, изјавија дека е одлучено до април да се изготви план за таканаречената „Балканска маршрута на миграцијата“.

На денешната средба учествуваа нивните колеги од Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Албанија, Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Грција.

Некои од овие земји се претворија во влезни или транзитни зони за стотиците илјади мигранти, кои во 2015 година почнаа да се слеваат кон Европа. Други,пак, се противат на раселувањето на мигрантите на нивна територија, иако тие веќе се наоѓаат во ЕУ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Австрија минатата година ја одигра клучната улога при координацијата за затворање на миграциската маршрута.

– Нелегалните мигранти и натаму доаѓаат во Европа преку Балканската маршрута и покрај нејзиното затворање. За тоа во значителен степен придонесуваат шверцерите – изјави австрискиот министер за одбрана Доскоцил на прес конференцијата по денешната средба, пренесе ТАСС.

Според него, на ниво на ЕУ засега недостасува заедничка позиција за надминување на миграциската криза.

– Затоа беше прифатена одлуката за изработка на план, што ќе биде претставен во периодот април-мај – изјави министерот Доскоцил.

migranti

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:07

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:08

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 18:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео