Балистот и крвник Џемо Хаса со свој булевар во Гостивар

Од:

Во најновиот службен гласник на Општина Гостивар бр. 9, објавено е решението на градоначалникот, со кое се прогласува листата за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на територијата на општина Гостивар.

Оваа листа Советот на Општина Гостивар ја донесе на седницата одржана на 17-ти август.

Инспекторатот за локална самоуправа ќе ја преиспитува одлуката на Советот .

Булевар , според оваа одлука ќе го носи им името на најголемиот џелат на македонскиот народ,  Џемо Хаса, балист за време на Втората Светска војна, потоа улици и мостови ќе ги носат имињата на  Фис Фазлиу , паднат борец на УЧК од Гостивар, Јакупи Танушеа, балист од Втората Светска војна, Адем Јашари, лидерот на УЧК, потоа  Бригада 116 која дејствувала на територијата на Гостивар во воениот конфликт во 2001 година, УЧК,  Хасан Приштина.

Одлуката за преименување на дел од улиците и булеварите во градот била донесена на седница на Советот,  на која  не присуствувале советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

(ВИДЕО) Јакимовски за „Алумина“: Ќе доминира зеленило, се работи за објекти како во Дубаи и Чикаго

Александар Тодески

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

Град Скопје ги враќа имињата на улиците „Ленинова“, „Железничка“, „Мексичка“…

Жарко Настоски

Ибрахим Ругова, кројачот Ангелковски и Дејвид Боуви може да добијат улици во Скопје, Градот објави листа со над 500 нови имиња

Жарко Настоски

ВИДЕО: Невреме во Скопје, улиците поплавени

Жарко Настоски