Баланс МК: Норвешка, Словенија и Бугарија ќе ни го донираат потребниот инсулин

Од:

Асоцијацијата „Баланс МК“ која вчера апелираше за бремената штипјанка која има итна потреба од инсулините „новорапид“ и „левимир“, информира дека до Асоцијацијата пристигнале понуди за донациии на инсулин од Норвешка, Словенија и Бугарија.

„По објавениот апел за донација на инсулините „новорапид“ и „левемир“, a кои Министерството за здравство од финансиски причини не е во можност да ги обезбеди за лицата со дијабетес во Македонија кои се токму на терапија со овие инсулнни, до нашата Асоцијација прстигнаа бројни одговори за помош. Најавена ни е донација од Норвешка, Словенија, Бугарија“, се вели во соопштението од „Баланс МК“.

Здружението бара од Министерство за здравство, со цел да не се направи дополнителен трошок на буџетот на РМ и да се продолжи со континуираната терапија, да се овозможи постапката на донациите да тече согласно законските прописи и норми.

– Со тоа ќе им се овозможи на лицата со дијабетес да ја добијат терапијата со која што оствариле одлична гликемиска контрола да не мора да експериментираат со промена на марката на инсулин, се вели во соопштението на „Баланс МК“.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!